🎥 ДРАМА ВО ИРАНСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО ПАРИЗ Француската полиција уапси човек што се заканувал дека ќе се разнесе со експлозив

Mажот бил виден околу 11 часот по локално време како влегува во иранскиот конзулат, носејќи граната и елек со експлозив.

570

Француската полиција уапси маж кој се заканувал дека ќе се разнесе со експлозив во иранскиот конзулат во Париз, јавува Ројтерс повикувајќи се на полициски извори.

Полицијата претходно ја опколи зградата на иранскиот конзулат. Според полициски извори, мажот бил виден околу 11 часот по локално време како влегува во иранскиот конзулат, носејќи граната и елек со експлозив.






Снимките на француската телевизија и социјалните мрежи покажуваат дека полицијата ја опкружува зградата.

Поврзани содржини