Дозволен извоз на средства за дезинфекција

Компаниите извознички при секој извоз кон царинската декларација треба да приложат Изјава дека одреден процент од овие средства остануваат како задолжителна залиха за потребите на домашниот пазар.

337

Производителите на средства за дезинфекција од земјава ќе можат да извезуваат, но притоа тие одреден процент од овие средства треба да остават во залиха за потребите на домашниот пазар.

– Владата денеска одлучи да дозволи извоз на средства за дезинфекција: сапуни со или без површинско активни средства со дезинфициенси, препарати (за миење, перење, чистење и гелови) на база на површинско активни средства, тоалетни препарати со дезинфекциони средства, како и неденатуриран етилалкохол со содржина на алкохол 80% – информира прес -службата на владата.






Компаниите извознички при секој извоз кон царинската декларација треба да приложат Изјава дека одреден процент од овие средства остануваат како задолжителна залиха за потребите на домашниот пазар.

Поврзани содржини