ДОНАТОРСКА АКЦИЈА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ Вработените во болницата донираа пари за Туркије и за Сирија
Кутии за донации беа поставени на неколку локации во болницата, а акцијата наиде на голем одѕив кај вработените.
Вработените во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ организираа хуманитарна акција за донирање пари наменети за луѓето погодени од катастрофалниот земјотрес во Туркије и во Сиријa.
Кутии за донации беа поставени на неколку локации во болницата, а акцијата наиде на голем одѕив кај вработените.
Медицинскиот персонал е познат по својата несебична хуманост, па со оваа донаторска акција уште еднаш покажа дека хуманоста е негова силна страна, а Клиничката болница „Аџибадем Систина“ како општествено одговорна компанија со оваа акција одлучи да им помогне во овие тешки моменти на настраданите во Туркоје и во Сирија.