ДОАЃА НОВ ТОПЛОТЕН БРАН СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 40 СТЕПЕНИ Кратко освежување, па силни горештини

Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

0

Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.






Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 10 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 38 степени Целзиусови.

Фото: УХМР

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 35 степени.

Во среда претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност.

Од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневната температура се очекува наместа да надмине 40 степени.

Фото: УХМР
Поврзани содржини