ДО ВТОРНИК НЕПОДНОСЛИВИ ГОРЕШТИНИ Потоа доаѓа мало заладување, со локален пороен дожд и грмежи
Промена на времето се очекува од вторник попладне, кога под влијание на циклонска активност ќе има зголемена облачност и повремени врнежи од дожд.
Времето во денот што доаѓа ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.
Утринските температури ќе се движат од 14 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Температурата ќе достигне до 38 степени.
До вторник Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ, поради што температурите насекаде ќе останат над 30 степени, а на повеќе места ќе достигнат до 39 степени. Топло ќе биде и во текот на ноќта.
Промена на времето се очекува од вторник попладне, кога под влијание на циклонска активност ќе има зголемена облачност и повремени врнежи од дожд.
Од среда се прогнозира пад на дневните температури, како и локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа се можни и поинтензивни временски непогоди проследени со обилен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Од четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во Повардарието, каде што на моменти брзината ќе надминува 50 километри на час.
Температурата во вторник ќе достигне до 39 степени, во среда 38 степени, а во четврток до 37 степени.