ДО 38 СТЕПЕНИ, А ПОПЛАДНЕ МОЖНО НЕВРЕМЕ Топлото време продолжува до крајот на седмицата

До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.

0

Времето во вторник, 25 август, претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.

Температурите ќе бидат во интервал од 15 до 38 степени.






Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.

Поврзани содржини