ДИК на јавна седница ќе одлучува за кандидатските листи за пратеници

292

Државната изборна комисија денеска ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесени листи на кандидати за пратеници во Собранието.

Комисијата, како што е најавено, на денешната јавна седница ќе спроведе и ждрепка за редните броеви на кандидатските листи во гласачкото ливче.






Од ДИК информираат дека, имајќи ја предвид настанатата состојба со епидемијата со вирусот Ковид 19 и воведената вонредна состојба на седницата нема да бидат повикани овластените претставници на подносителите на листите, а ждрепката ќе се врши на јавна седница.

Седницата на Државната изборна комисија ќе оди во живо на фејсбук страната на ДИК.

Поврзани содржини