ДЕЛОТО НА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ Е ВКОРЕНЕТО ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА Филипче го честитa Денот на сесловенските просветители

Ние, како и сите идни генерации, имаме обврска да го почитуваме и да го негуваме наследството кое Светите Кирил и Методиј ни го оставија, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

30

 

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Филипче истакна дека браќата Кирил и Методиј не се само симбол на духовноста и на писменоста кај словенските народи, тие се и темелот на нашиот македонски идентитет, јазик и култура.






„Денеска го одбележуваме Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј – основачите на првото словенско писмо. Браќата Кирил и Методиј не се само симбол на духовноста и на писменоста кај словенските народи, тие се и темелот на нашиот македонски идентитет, јазик и култура.

Нивното дело е вкоренето во националната и во културната историја на нашата држава. Нивната мисија не била само образовна, туку била и визија за еднаквост, за почитување на различноста и за напредок преку образование и знаење.

Создавајќи ја првата азбука – глаголицата, продолжена од нивните следбеници, меѓу кои и Свети Климент Охридски, била создадена кирилицата, која е основата за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.

Ние, како и сите идни генерации, имаме обврска да го почитуваме и да го негуваме наследството кое Светите Кирил и Методиј ни го оставија. И горди сме што покажавме дека се грижиме за нашето културно наследство, за нашиот македонски јазик. Во периодот на владите на СДСМ беа донесени храбри и државнички одлуки, благодарение на кои денес македонскиот јазик е признат и рамноправен во Обединетите Нации и во Европската Унија.

Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј”, стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Поврзани содржини