ДЕЦАТА НА РОБИН ВИЛИЈАМС ГО АКТИВИРАА НЕГОВИОТ ПРОФИЛ НА ИНСТАГРАМ Обид за заштита на гласот и ликот на покојниот актер од злоупотреба со вештачка интелигенција

Одлуката по 12 години повторно да го активираат Инстаграм профилот на нивниот татко нема само емотивна причина, туку е обид да се спротивстават на сè почестата злоупотреба на неговиот лик и глас со помош на вештачка интелигенција.

0

Дванаесет години по смртта на Робин Вилијамс, неговите три деца – Зак, Зелда и Коди – повторно го активираа официјалниот профил на славниот актер и комичар на Инстаграм. Одлуката не,а само емотивна причина, туку е и обид да се спротивстават на сè почестата злоупотреба на неговиот лик и глас со помош на вештачка интелигенција.

Профилот на Вилијамс беше неактивен уште од јули 2014 година, само неколку недели пред неговата смрт. Последната објава тогаш ја напишал самиот актер, посветувајќи ѝ порака на својата ќерка Зелда за нејзиниот роденден. Робин Вилијамс почина на 11 август 2014 година, на 63-годишна возраст.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by therobinwilliams (@therobinwilliams)

Сега неговите деца сакаат страницата да стане безбедно и автентично место каде што обожавателите ќе можат да се потсетуваат на неговиот живот, работата и хуморот, наместо да наидуваат на лажни содржини создадени со вештачка интелигенција.

– Додека ја одбележуваме годината во која нашиот татко би наполнил 75 години, благодарни сме што гледаме како новите генерации го откриваат неговото творештво, додека долгогодишните обожаватели продолжуваат да ја слават радоста што тој ја внесе во нивните животи.

Како што технологијата се развива, сакаме ова да биде безбедно и доверливо место, каде што приказните, фотографиите, видеата и спомените што ќе ги споделуваме автентично, со топлина и внимание, ќе го одразуваат неговото наследство.

Ова е нашиот начин да го споделиме неговиот уникатен талент и хумор со светот, вклучувајќи ги и моментите што нè насмеаа нас, но и толку многу од вас, додека се сеќаваме на извонредниот живот и дело на нашиот татко. Тој и понатаму нè инспирира и ги радува луѓето ширум светот – напишаа Зак, Зелда и Коди Вилијамс во својата објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by therobinwilliams (@therobinwilliams)

Особено гласна во борбата против ваквата злоупотреба е неговата ќерка Зелда Вилијамс. Таа и претходно јавно реагираше на видеата во кои со помош на AI се имитираат гласот и ликот на нејзиниот татко. Таа ги замоли луѓето да престанат да ѝ испраќаат такви содржини, опишувајќи ги како вознемирувачки и како непочитување на неговото наследство.

Робин Вилијамс и денес е една од најпрепознатливите фигури во светската кинематографија. Публиката го памети по филмовите „Mrs. Doubtfire“, „Jumanji“, „Good Will Hunting“, „Dead Poets Society“ и „Good Morning, Vietnam“, а неговата работа продолжува да допира до нови генерации.

Поврзани содржини