ДАЛИ МОЕТО МЛЕКО Е КВАЛИТЕТНО? Грешки кои го саботираат доењето
Мајчиното млеко не може да биде лошо или неквалитетно бидејќи млекото на секоја мајка е совршено прилагодено на нејзиното бебе и се менува според потребите на детето. Доењето е нешто за кое многу луѓе мислат дека знаат сè, но малкумина вистински се едуцираат. Ова остава простор за разни митови, погрешни совети од мајки, баби, свекрви… со кои најчесто несвесно го саботираме доењето на своето дете.
Сите знаеме дека ништо не се споредува со мајчиното млеко и неговите придобивки. Отсекогаш било и ќе биде најдобрата исхрана за вашето дете.
Научниците вредно го проучуваат и постојано наоѓаат нови неверојатни детали. Затоа, проучете ги сите факти и ќе видите зошто мајчиното млеко е толку посебно.
Не постои нешто како лошо мајчино млеко, иако млекото на секоја жена има различен состав. Секоја мајка произведува свое единствено млеко наменето токму за нејзиното бебе.
Некои мајки успешно дојат уште од првиот ден, додека други имаат голем број тешкотии.
Кога станува збор за доењето, секоја мајка има своја приказна.
Додека некои дојат без никакви проблеми од првиот ден, други се борат со маститис и болни рани или тврдат дека немаат млеко.
Доењето е нешто за кое многу луѓе мислат дека знаат сè, но малкумина вистински се едуцираат. Ова остава простор за разни митови, погрешни совети од мајки, баби, свекрви… со кои најчесто несвесно го саботираме доењето на своето дете.
Факт е дека секоја жена може да дои, а за да видите кои грешки ги прават мајките кои на крајот резултираат со недоволно млеко за своето бебе, прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.