„ИЗРАЕЛ НЕ САКА ФИЗИЧКИ ДА ГИ ПОВРЕДИ ЖИТЕЛИТЕ НА ИРАН“ Кац го обвини Техеран дека намерно напаѓа цивили

Порано денеска, откако во иранските напади врз Израел загинаа најмалку 8 цивили, израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, рече дека жителите на Техеран „ќе ја платат цената и тоа наскоро“ за иранските напади врз Израел.

1,247

Израел нема намера да ги повреди жителите на Техеран, изјави денеска израелскиот министер за одбрана, Израел Кац.

„Би сакал да го разјаснам тоа што би требало да биде очигледно: не постои намера физички да се повредат жителите на Техеран, за разлика од тоа што диктаторот (Иран) им го прави на граѓаните на Израел“, напиша Кац на платформата Икс, пренесува Cи-Ен-Ен.






Порано денеска, откако во иранските напади врз Израел загинаа најмалку 8 цивили, Кац рече дека жителите на Техеран „ќе ја платат цената и тоа наскоро“ за иранските напади врз Израел.

📽 ИРАН ГО РАКЕТИРАШЕ ИЗРАЕЛ, ПРОЕКТИЛ ПАДНА БЛИЗУ АМБАСАДА „Народот на Техеран ќе ја плати цената“

Поврзани содржини