ДА НЕ СОЗДАВАМЕ „НОВ ДИВ ЗАПАД“ Макрон бара построга регулација на криптовалутите
Изјавата на францускиот претседател доаѓа во време кога Франција забележува зголемување на нападите врз сопствениците на криптовалути.
Да не дозволиме крипто средствата да создаваат можности за криминалци, терористи или начини за заобиколување на правилата што ги создадовме, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на конференцијата за финансирање на тероризмот „Нема пари за терор“, што се одржа во француското Министерство за финансии во Париз.
Тој повика на построга регулација на криптовалутите за да се спречи тие да станат „нов Див Запад“ кој ќе биде искористен за екстремни цели.
-Нема одржлив, мирен свет, нема регулација и нема финансиска стабилност за нашите земји, ако некако го реизмислиме Дивиот Запад што го регулиравме – рече Макрон.
Изјавата на Макрон доаѓа во време кога Франција забележува зголемување на нападите врз сопствениците на криптовалути.
Сепак, во извештајот се наведува дека трансакциите со криптовалути сè уште можат да се следат преку блокчејн технологијата и дека платформите и издавачите можат да замрзнат одредени средства во случаи поврзани со уцена и откуп.
Според „Chainalysis“, адресите поврзани со нелегални активности добиле најмалку 154 милијарди долари (околу 141 милијарда евра) во 2025 година, што е зголемување од 162% во однос на претходната година.
И покрај ова, нелегалните трансакции сè уште сочинуваат помалку од 1% од вкупниот глобален промет на криптовалути.
Од 2019 година, Франција има регулаторна рамка за дигитални средства, а надзорот го врши Францускиот орган за финансиски пазари.
Овој систем подоцна беше заменет со европската регулатива MiCA, која воведе построги правила за усогласеност и заштита на инвеститорите на ниво на Европската Унија.