ДА НЕ ЈА СВЕДЕМЕ ДЕБАТАТА САМО НА ПОСЛЕДНИТЕ 2 ГОДИНИ За семејното насилство да се разговара без хипокризија

Портпаролката на Владата ја поздрави иницијативата за собраниска расправа за заштита на жените. Таа потсети на законските измени со кои телесната повреда при семејно насилство се гони по службена должност.

2

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и портпаролка на Владата, Марија Митева, ја поддржа иницијативата за собраниска дебата за семејното насилство, но побара таа да ги опфати и годините од владеењето на СДСМ. Според Митева, ограничувањето на расправата на последните 2 години претставува политичка хипокризија.

– Не гледам ништо спорно во тоа да се одржи јавна расправа во рамки на Собранието за оваа тема, видов дека и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кажа да се согласуваме тоа да се дебатира во рамки на Собранието, е сега каде е тука политичката хипокризија? Се однесува барањето да биде само за последните две години, што сметам дека е состојба којашто директно навлегува во политиката и бара политичка конфронтација – изјави Митева во емисијата „Меѓу редови“ на телевизија Алфа.






Митева оцени дека ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 2 години одржала рекорден број јавни расправи во Собранието, исполнувајќи го ветувањето дадено на граѓаните.

– Ако порано јавна расправа беше мисловна именка и ако кривични закони се поднесуваа со европско знаменце во 11 часот навечер, денеска тоа граѓаните не можат да го видат во рамки на Собранието, туку можат да видат отворени јавни расправи – истакна портпаролката на Владата.

Претседателката на Унијата на жени очекува на собраниската расправа да се отвори и прашањето за законските решенија донесени во времето на претходната власт.

– Апсолутно поздравувам да има дебата во рамки на Собранието, но во таа дебата јас сум сигурна дека особено пратеничките од редовите ВМРО-ДПМНЕ ќе ги потсетат нивните колеги од СДС, ќе им го постават прашањето колку јавни расправи по однос на оваа тема свикале во рамките на нивното владеење, ќе ги прашаат кој ја направи измената на Кривичниот законик каде што телесната повреда при семејно насилство веќе се покренува по службена должност, а не како претходно кога жртвите од страв, паника, економска или било каква друга неизвесност ги повлекуваа пријавите – рече Митева.

Поврзани содржини