ДА НЕ ГО МЕНУВАМЕ УСТАВОТ ДОДЕКА НЕ ВИДИМЕ ЗНАЦИ НА ДОБРА ВОЛЈА ОД БУГАРИЈА До тогаш треба да се справиме со криминалот и корупцијата, порача Клековски
Дури и Холандија да ни стави вето, не би се бунтувал бидејќи има високо ниво на корупција и криминал во Македонија, истакна Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 Отворено“ на 24 ТВ.
Јас би сакал пречката којашто е на нашиот пат кон ЕУ да биде Холандија и нејзиното барање да се справиме со криминалот и корупцијата. Дури и Холандија да ни стави вето, не би се бунтувал бидејќи има високо ниво на корупција и криминал во Македонија, истакна Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 Отворено“ на 24 ТВ.
Клековски стравува дека дури и да се промени Уставот на Македонија, Бугарија можеби би имала нови и нови барања.
– Затоа јас сметам дека не треба да го промениме Уставот додека не видиме знаци на добра волја од Бугарија. Во меѓувреме треба да се справиме со криминалот и корупцијата за да не добиеме вето од другите земји членки на ЕУ – истакна Клековски.
Клековски додаде дека секој граѓанин во државата посакува Македонија да стане членка на ЕУ. Но, поради лошите политики на владата на СДСМ и ДУИ Македонија заостана во многу области.
– Нашата држава уназадуваше во изминатиот период, не се движевме напред – појасни тој.