ДА ИМАШЕ НЕШТО ЌЕ МИ ГИ ОДЗЕМЕА ИНГЕРЕНЦИИТЕ Касами негира дека вршел притисок врз директор на училиште

Да имаа основа да постапат согласно тоа што го кажуваат, тие досега ќе постапеа – рече градоначалникот на Тетово.

420

Како неосновани обвинувања ги оцени тетовскиот градоначалник Биљал Касами денешните тврдења од ДУИ дека градоначалникот и општината вршеле притисоци во основно училиште.

Според тврдењата на советниците од ДУИ, директор поднел оставка поради политички притисок од претставници на Општина Тетово.






– Да имаа основа да постапат согласно тоа што го кажуваат, тие досега ќе постапеа. Имајќи предвид дека во друга ситуација со гимназијата, иако немаа основ, само затоа што имаа некоја закачка, ако можам така да кажам, тие постапија и противзаконски му ги одзедоа ингеренциите на градоначалникот. Во овој случај, да има и најмала можност да постапат за одземање на ингеренции веќе ќе ми ги земеа ингеренциите – изјави Биљал Касами.

Обвинувања од Општина Тетово кон централната власт имаше и вчера на тема образование. Раководителот на општинскиот сектор за јавни дејности Назми Даути заедно со дел од раководителите на основните училишта ја обвини централната власт дека ги намалува парите за тетовските основни училишта.

ДУИ ОБВИНУВА ЗА ПОЛИТИЧКИ ПРИТИСОЦИ ВО ТЕТОВСКИТЕ УЧИЛИШТА Еден од директорите си дал оставка поради мобинг

 

 

 

Поврзани содржини