Д-Р БАБАЧИЌ ЗАЧУДЕНО ПРАШУВА Пациентите несоодветно се лекуваат, постои во земјава ковид-протокол?

Има ли некаков ред и дали оние ликови кои ги пропагираа, воведоа и спроведоа овие пристапи во лекување ќе излезат да објаснат по кој основ ги вовеле? И дали некој од нив некогаш ќе одговара бар морално за вакви грешки?, прашува Бабачиќ.

6,842

Македонецот Д-р Харис Бабачиќ кој живее и работи како вирусолог во Шведска преку статус на Фејсбук прашува што прават Министерството за здравство и Лекарската комора додека пациентите заразени со коронавирус се лекуваат со несоодветни лекови?

– Година и пол помина, мене сè уште не ми е јасно дали во државава институциите имаат протоколи за лекување КОВИД-19 … Не водам евиденција, но вака од око на една третина до половина од луѓето со ковид-19 од Македонија со кои контактирам им биле препишани ненормални дози на ивермектин во комбинација со панцеф и/или моксирал и/или азитромицин. За вирусна болест, кршејќи ги сите принципи на медицина базирана на докази. Па се прашувам што прават Министерството за здравство и Лекарска Комора … Има ли некаков ред и дали оние ликови кои ги пропагираа, воведоа и спроведоа овие пристапи во лекување ќе излезат да објаснат по кој основ ги вовеле? И дали некој од нив некогаш ќе одговара бар морално за вакви грешки? – пишува во постот на д-р Бабачиќ на Фејсбук.






Поврзани содржини