📷 ЦЕЦА СТАНА БАБА ПО ЧЕТВРТИ ПАТ Анастасија Ражнатовиќ ја криела бременоста 9 месеци, а сега нејзиниот сопруг и гордата баба објавија дека се породила

Гордата баба и нејзиниот зет Немања Гудељ објавија дека Анастасија се породила. По долго чекање и една неуспешна бременост, ќерката на Цеца родила син.

315

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија и нејзиниот сопруг Немања Гудељ станаа родители.

Среќниот татко ја објави веста на својот Инстаграм профил, а истата ја сподели на својот профил и гордата баба.






– Илијан Гудељ – 15.07.2026, Слава на Бог – напиша Немања во описот на фотографијата на која се гледа рачето на новороденчето.

Инаку, Анастасија ја криела бременоста цели 9 месеци, па ова беше изненадување за јавноста. Таа се породила во Шпанија, а според српските медиуми, мајката и детето се добри и породувањето поминало во најдобар ред.

Членовите на семејството Ражнатовиќ и Гудељ се во Севиља, каде што живеат младите родители и заедно ќе го прослават доаѓањето на новото внуче.

Цеца, уште на почетокот на месецот замина во Шпанија, а српските медиуми пишуваа дека побегнала кај ќерката да одмори од работните обврски.

Сега е веќе јасно дека отишла да ѝ биде поддршка на бремената ќерка, но и да го дочека раѓањето на своето четврто внуче, кое е прво од нејзината ќерка.

За потсетување, Анастасија во 2023-та објави дека е бремена и споделуваше фотки со трудничко стомаче, но за жал го изгуби бебето, па овојпат, реши бременоста да ја држи во тајност.

Поврзани содржини