ЦАРСКА ТРПЕЗА ЗА ГОСТИТЕ НА ПУТИН Од кнедли со есетра, па сѐ до карамелизирана патка – погледнете што се нуди во главното мени
Меѓу највпечатливите јадења се издвојуваат кнедлите полнети со есетра и кавијарот од штука – симбол на луксуз во руската кујна.
Додека руската воена машинерија продефилира низ Црвениот плоштад, на паралелен подиум – оној гастрономскиот – се сервираше врвна елитна кујна за високите гости на парадата.
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот домаќински тим приредија мени што секако не личеше на просечен оброк во воени услови, туку повеќе на царска трпеза.
Меѓу највпечатливите јадења се издвојуваат кнедлите полнети со есетра и кавијарот од штука – симбол на луксуз во руската кујна.
За стартер беше понудена салата со краба и свежи јагоди – неочекувана, но рафинирана комбинација. Главните јадења нудеа избор: филе од палтус со зеленчук, медалјони од елен со шумски печурки или карамелизирана патка со аспарагус. За љубителите на традицијата, тука беа и боршот со телешко и рибината чорба.
Десертот, пак, ја заокружи оваа гастрономска симфонија: сорбе од морошка – ретко сибирско овошје, и класичен јаболков тарт со ванила сладолед.