БУНТ НА ЛГБТ ЛУЃЕТО ВО КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА Вработените ги бараат своите правдини

Активистите сакаат да имаат можност да живеат и работат отворено како ЛГБТИК+ лица во црквата без страв. Сите 125 лица бараат измена во црковното трудово право, со што сексуалната ориентација и родовиот идентитет повеќе нема да бидат причина за отпуштање.

366

Вкупно 125 вработени во Римокатоличката црква во Германија, вклучувајќи свештеници, учители и црковни управители, се изјаснија како квир и повикаа да запре дискриминацијата врз нив. Иницијативата е наречена „#OutInChurch. За Црква без страв“.

Активистите сакаат да имаат можност да живеат и работат отворено како ЛГБТИК+ лица во црквата без страв. Сите 125 лица бараат измена во црковното трудово право, со што сексуалната ориентација и родовиот идентитет повеќе нема да бидат причина за отпуштање.

 






Исто така, се бара и клеветнички изјави околу полот и сексуалноста, да бидат избришани од наставата во црквата, како и „целосен пристап на сите полиња на дејност и занимање во црквата, без дискриминација“. Според OutInChurch, таквите „застарени изјави на црковната доктрина“ за сексуалноста и полот, треба да бидат ревидирани „врз база на теолошки и хумано-научни сознанија“.

Во март, Ватикан уште еднаш стави до знаење дека според нивното гледиште, хомосексуалните партнерства не одговараат со Божјите планови.

OutInChurch упати повик до сите ЛГБТИК+ лица, кои работат постојано или како волонтери за Католичката црква, да се придружат на иницијативата. Се апелира до бискупите јавно да се изјаснат за поддршка на манифестот.

ЛГБТИК+ се однесува на лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови, интерсексуалци и квир лица, како и знакот плус за малцинските идентитети и полови.

Поврзани содржини