БУГАРСКА МОНЕТА ОД ДВE ЕВРА БЛОКИРАНА ПОРАДИ НАТПИСОТ „БУГАРСКА АЗБУКА“ Не се знае која земја поднела приговор

Идентитетот на земјата што го поднела приговорот не е официјално објавен. Во јавноста и на социјалните мрежи се појавија шпекулации дека станува збор за Словачка, но за тоа засега нема официјална потврда.

205

Планираната бугарска комеморативна монета од 2 евра, посветена на „бугарската азбука“, е блокирана по приговор од неименувана земја членка на еврозоната.

Бугарија го поднела дизајнот за формално одобрување во Советот на ЕУ на 19 мај 2026 година. Според документите што се појавија во европските регистри, монетата не може да биде издадена во сегашната форма без целосно одобрение од институциите на ЕУ.






Монетата требаше да биде првата бугарска комеморативна монета од 2 евра по влезот на земјата во еврозоната. Според првичните најави, таа требало да биде издадена во втората половина на 2026 година, во тираж од еден милион парчиња.

Дизајнот е посветен на кирилицата, но спорниот дел е формулацијата „бугарската азбука“, која отвори политички и историски чувствително прашање во европски контекст.

Идентитетот на земјата што го поднела приговорот не е официјално објавен. Во јавноста и на социјалните мрежи се појавија шпекулации дека станува збор за Словачка, но за тоа засега нема официјална потврда.

Бугарија сè уште може да предложи изменет дизајн или нова комеморативна монета, но сегашната верзија не може да продолжи без согласност од Советот на ЕУ.

Засега нема официјално објаснување кои биле точните причини за приговорот, ниту дали Софија ќе го менува дизајнот или ќе се обиде повторно да ја протурка монетата во друга форма.

Поврзани содржини