БУЈАР АХМЕТИ ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ СЕБЕ ИЛИ ПРОТИВ ЧИЧКОТО АЛИ АХМЕТИ? Бил заменик-член во комисијата за полагање правосуден испит

Вреди оценува дека времето на политички манипулации со националните прашања е завршено и порачуваат дека правосудниот испит ќе може да се полага и на албански јазик.

153

Против кого протестира Бујар Ахмети, против самиот себе или против својот чичко Али Ахмети, прашува Вреди преку соопштение.

„Денес политичката иронија го достигна врвот. Бујар Ахмети, внук на Али Ахмети, кој бил заменик-член во комисијата за полагање на правосудниот испит, испит што се одржува само на македонски јазик, беше забележан на протестот на студентите кои бараа можност истиот испит да го полагаат и на албански јазик. Затоа се поставува прашањето: против кого протестира Бујар Ахмети? Против самиот себе, како дел од системот што со години ја одржуваше оваа неправда? Или против својот чичко, Али Ахмети, кој повеќе од 22 години беше на власт и именуваше министри за правда кои не презедоа ниту еден чекор за решавање на ова прашање?“, прашува Вреди.






Оттаму велат дека на албанските студенти не им требаат фотографии и политички театар, туку конкретни решенија, кои ДУИ не ги обезбеди 22 години по ред.

Вреди оценува дека времето на политички манипулации со националните прашања е завршено и порачуваат дека правосудниот испит ќе може да се полага и на албански јазик.

Поврзани содржини