БРОНЗАТА ИМ ДОНЕСЕ 51,5 МИЛИОНИ ЕВРА! Хрватската репрезентација се офајди во Катар

Само победана во малото финале ѝ денесе на Фудбалската федерација на Хрватска заработка од 26 милиони евра.

427

Успешниот настап на Светското првенство во Катар и освоениот бронзен медал на хрватската фудбалска репрезентација ѝ донесоа заработка од 51.5 милиони евра.

Хрватска втор Мундијал по ред се искачи на пиедесталот и по среброто на завршниот турнир 2018 во Русија заврши третопласирана во Катар совладувајќи го вчера Мароко во малото финале со 2-1.






Само оваа победа на Фудбалската федерација на Хрватска ѝ донесе заработка од 26 милиони евра, додека Мароко за четвртото место ќе инкасира дополнителни 24 милиони евра.

Второпласираната репрезентација на СП ќе инкасира 30 милиони евра, додека светскиот првак ќе заработи 40 милиони евра.

Финалето на Мундијалот 2022 меѓу актуелниот светски првак Франција и Аргентина е на програмата попладнево од 16 часот во Лусаил.

Поврзани содржини