🎥 БЕНИ БЛАНКО ОТКРИ КАКО ЈА ИЗНЕНАДИЛ СЕЛЕНА ГОМЕЗ ЗА РОДЕНДЕНОТ Наместо гламурозна прослава, романтично патување и кулинарска работилница за тестенини

Музичкиот продуцент Бени Бланко сподели на Инстаграм снимки од изненадувањето што ѝ го приредил на Селена Гомез за 34. роденден - од романтичното патување во Италија, уживањето во италијански специјалитети, вино и прекрасни пејзажи, до учеството на кулинарска работилница за тестенини

0

Музичкиот продуцент Бени Бланко им покажа на своите следбеници како со сопругата Селена Гомез го прославиле нејзиниот 34. роденден. Наместо раскошна забава, двојката избрала романтично патување во Италија и кулинарска работилница на која заедно подготвувале традиционални италијански специјалитети.

Бланко (38) на Инстаграм објави видео од нивниот одмор со опис: Да подготвиме италијанска гозба за роденденот на мојата сопруга.






На снимката се гледа како Селена ужива во готвењето – крши јајца, меси и развлекува тесто за домашна паста, додека Бени постојано ја бодри и со насмевка го следи секој нејзин чекор.

Освен тестенини, парот подготвувал и други италијански деликатеси, меѓу кои полнети цветови од тиквички и пармиџана од модар патлиџан.

Додека ја дегустира пармиџаната, Бланко не го крие воодушевувањето.

– Љубов моја, правиш најдобра пармиџана од модар патлиџан. Ова е најдоброто нешто што сум го пробал во Италија, а го направи ти – ѝ вели тој на Селена.

Таа низ смеа му возвраќа: Не, ти ја направи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by benny blanco (@itsbennyblanco)

Во видеото може да се види како двајцата уживаат во вино, вкусна храна и прекрасни италијански пејзажи, посетувајќи вили, градини и живописни локации. Во еден момент Бланко на шега го коментира погледот околу нив:

– Баш ужасен поглед.

На крајот од видеото, додека Селена се одмара по работилницата, тој тивко ѝ порачува:

– Среќен роденден, љубов моја. Те сакам.

Пред кулинарската авантура, Селена и Бени ја посетиле и Болоња, каде што вечерале во ресторанот „Траторија дела Санта“. Сопственикот на ресторанот, Рикардо Лели, изјавил дека славната двојка оставила одличен впечаток.

– Беа прекрасни, срдечни и исклучително пријатни. Ја пофалија храната и услугата. Навистина беа одлични гости – рекол Лели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by benny blanco (@itsbennyblanco)

Селена Гомез и Бени Бланко се венчаа на 27 септември 2025 година, речиси две години откако јавно ја потврдија својата врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Поврзани содржини