БАЛКАН-ЕКСПРЕС БОРДЕЛ ВО АВСТРИЈА Полицијата разбија тајна мрежа за подведување во Инсбрук

Австриската полиција откри два нелегални бордели кои работеле како салони за масажа, а под истрага се пет лица осомничени за подведување, организирање проституција и експлоатација на жени од повеќе земји.

87

Голема полициска акција во австрискиот град Инсбрук открила два нелегални бордели кои работеле под превезот на салони за масажа, а под истрага се најдоа пет лица осомничени за подведување, организирање проституција и експлоатација на жени.

Истрагата на тиролската криминалистичка полиција започнала на почетокот на годинава, кога под сомнение се нашле две бугарски државјанки на возраст од 42 и 48 години. Според истражителите, тие управувале со салон за масажа кој всушност функционирал како нелегален бордел.






Полицијата се сомнева дека жените организирале доаѓање на сексуални работнички од странство во Инсбрук и земале значителен дел од нивната заработка.

Во случајот се опфатени и двајца мажи – 80-годишен австриски државјанин и 65-годишен Шпанец. Тие се осомничени дека во име на организаторите регрутирале жени во странство и ја координирале нивната работа во Австрија.

Паралелно со оваа истрага, под лупа на полицијата се нашол и друг салон за масажа во сопственост на 75-годишна Австријка. Истражителите се сомневаат дека и таму се вршеле нелегални сексуални услуги, при што сопственичката наводно земала дел од приходите.

Во координираната акција учествувале припадници на тиролската криминална полиција, локалната полиција, Финансиската полиција и Федералната канцеларија за имиграција и азил. Извршени биле претреси на повеќе локации во Инсбрук, при што биле запленети документи и предмети кои, според истражителите, можат да послужат како доказ во постапката.

За време на истрагата биле идентификувани 12 жени на возраст меѓу 25 и 55 години од Африка, Јужна Америка и Европа, кои биле пријавени за учество во нелегална проституција. Дел од нив биле сослушани како можни жртви на подведување и експлоатација.

Австриските власти соопштија дека истрагата продолжува, додека еден од спорните салони веќе е затворен по налог на надлежните институции.

Поврзани содржини