АВИОНОТ ПОЛЕТАЛ „СО ФРИЗУРАТА“ НА ХАЛАНД, РЕКЛАМАТА СЛЕТА НА СУД „Никогаш не сме изгледале понорвешки“

Норвешкиот напаѓач ја обвинува „Норвиџен ер шатл“ за неовластено користење на неговите препознатливи обележја. Спорните објави се отстранети, но случајот стигнал до суд.

1

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, поднел тужба против „Норвиџен ер шатл“ поради реклама со авион на кој дигитално му била додадена неговата препознатлива фризура, пренесува Индекс.

Компанијата ја објавила фотографијата на Инстаграм и на Тикток за време на Светското првенство.






Пораката гласела: „Никогаш не сме изгледале понорвешки“.

Адвокатите на Халанд тврдат дека неговите комерцијални обележја биле искористени без дозвола за рекламирање авионски билети. Тужбата ја поднеле пред судот во Осло.

Авиокомпанијата ја отстранила рекламата, но смета дека станувало збор за безопасна шега.

– Штета е што навивањето беше дочекано со тужби – изјавил портпаролот Ејвинд Хамер Мире.

Рочиштето преку видеоврска е закажано за 9 октомври.

Поврзани содржини