АВИОН „БОИНГ“ НА „ЕР ИНДИЈА“ СЕ СООЧИЛ СО МИСТЕРИОЗЕН ТЕХНИЧКИ ДЕФЕКТ СРЕД ЛЕТ Леталото се вратило во Хонг Конг од каде што полетало
Летот на „Ер Индија“, со број AI 315, полетал од Хонг Конг кон Њу Делхи во 11:59 часот по локално време, со крајна дестинација во главниот град на Индија.
Авион на „Ер Индија“ од типот „Боинг 787-8 Дримлајнер“, кој летал кон Њу Делхи, бил принуден да се врати назад во понеделникот, откако пилотот соопштил дека леталото се соочува со технички проблеми во воздух, објави Индепендент.
Летот на „Ер Индија“, со број AI 315, полетал од Хонг Конг кон Њу Делхи во 11:59 часот по локално време, со крајна дестинација во главниот град на Индија.
Според официјални лица, авионот безбедно слетал назад во Хонг Конг околу 15:20 часот по локално време.
Природата на техничкиот проблем засега не е позната.