ОБНОВЕНО Атина се разбуди со протести и полиција, откако „зазори“ финишот на судењето на Златна зора (ВИДЕО)

440

Од рано утрово зградата на Апелацискиот суд во Атина е опколена со полиција, а во тек се протести, кои би можеле да доведат до судири на улиците на главниот град на Грција. Веќе се слушаат експлозии од шок бомби и солзавец.






По пет и пол години од почетокот на судскиот процес, денеска судот во Атина ќе ја соопшти пресудата за Златна зора.Под драконски безбедносни мерки, со над 2.000 полицајци, хеликоптери и дронови, во судот во Атина, кусо пред 11.30 часот по локално време, започна рочиштето за соопштување на пресудата за Златна зора, додека пред судот се одржува масовен протест,  јави дописничката на МИА од Атина.

На протестот под слоганот „Не се невини“ учествуваат, здруженија, организации, но и политички парти. Меѓу демонстрантите беше и лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас.

Обвинети се 68 членови на партијата, меѓу нив и партискиот водач Никос Михалолиакос, за убиството на тогаш 34-годишниот музичар Павлос Фисас на 18 септември 2013 година, за обид за убиство на комунистички синдикалци и на синдикалниот раководител Сотирис Пуликоианис во истиот месец, за обид за убиство на египетскиот рибар Абузид Ембарак во неговиот стан во јуни 2012 година и за формирање и дејствување во криминално здружение.

ОБНОВЕНО За формирање и водење на криминална организација, виновни се лидерот на Златна зора и дел од поранешните пратеници, меѓу кои и Илиас Касидиарис, Јанис Лагос, Илиас Панајотарос итн, соопшти претседателката на судот на денешното рочиште во процесот против Златна Зора, јави дописничката на МИА од Атина. Соопштувањето на пресудата беше проследено со аплаузи од семејството на убиениот музичар Павлос Фисас. Дел од поранешните пратеници од Златна зора се виновни само за учество во криминална организација. Првичните коментари во Грција се дека станува збор за историска одлука. Рочиштето во атинскиот суд продолжува.

Фотографија: Принтскрин

 

Поврзани содржини