АРГЕНТИНА СО НАЈМАЛКУ ШАНСИ ДА ГО ОСВОИ МУНДИЈАЛОТ? Суперкомпјутер пресмета кој е најблиску до светската титула

Франција е главен фаворит пред полуфиналето со Шпанија, додека актуелниот светски шампион има најмали шанси за трофејот, покажуваат пресметките на суперкомпјутерот Опта. Прогнозите предизвикаа бура на социјалните мрежи.

0

Во пресрет на претстојните полуфиналиња, суперкомпјутерот на статистичката платформа Опта ги пресмета најверојатните сценарија за последната недела од Мундијалот.

Според математичкиот модел, Франција има најголеми шанси да стигне до финалниот натпревар во Њујорк следната недела. Французите имаат 57,70% шанси да ја победат Шпанија.






Шпанија е вториот најверојатен победник на Светското првенство, што покажува дека, според „Опта“, победникот од првото полуфинале има огромна предност за трофејот. Англија е трета во предвидувањата, а Аргентина, и покрај тоа што го започна турнирот како лидер на светската ранг-листа на ФИФА, е оставена на последното место меѓу првите четири.

 

Слични се и проценките на платформата „Football Meets Data“.

Па така, според објавеното на платфомата, Франција е прв фаворит со 31,2 проценти шанси за светска круна. Зад неа е Шпанија со 25,4 проценти.

Англија е трета со 22,6 проценти, додека актуелниот светски шампион Аргентина има најмали изгледи за трофејот, 20,8 проценти.

Полуфиналето меѓу Франција и Шпанија се игра во вторник, 14 јули, од 21 часот, а ден подоцна во истиот термин се среќаваат Англија и Аргентина.

 


 

Поврзани содржини