📽️ АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО ИТАЛИЈА, УЛИЦИ ПОД ВОДА Затворени училишта во 46 општини, пожарникарите спасуваат возачи

Обилните врнежи предизвикаа поплави во Неапол и Бриндизи. Пожарникарите интервенираат на повеќе локации, а во регионот Кампанија училиштата се затворени во 46 општини.

0

Обилни дождови и поројни врнежи предизвикаа поплави и сообраќаен хаос во јужна Италија, особено во Неапол и Бриндизи. Во 46 општини во регионот Кампанија е на сила мерка за затворање на училиштата.

Портокаловото метео-предупредување останува во сила до 15 часот за Неапол, Кампаниската Рамнина, подрачјето околу Везув и островите во Неаполскиот Залив. За останатите области е издадено жолто предупредување, пренесува „Аднкронос“.






Во Неапол, поплавите најсилно ги погодија западните делови на градот, меѓу населбите Фуоригрота и Бањоли.

Противпожарните екипи интервенирале во повеќе општини за да ги отстранат последиците од поплавите и да им помогнат на возачите заглавени во своите возила.

Во местото Мелито, пожарникарите отстранувале олуци и нестабилни делови од ѕид што претставувале опасност за безбедноста.

Поради невремето бил одржан и состанок на координативниот центар за вонредни ситуации, по силните поројни дождови што го зафатиле поширокото градско подрачје, особено општините Арцано, Грумо Невано и Џулијано.

Во Бриндизи, пожарникарите од синоќа работат на отстранување на последиците од обилните врнежи, испумпување на водата од поплавените подрачја и обезбедување на загрозените делови од градот. Поплавен е и подвозник за пешаци.

Утрово, противпожарните екипи интервенирале и на регионалниот пат 50, меѓу Франкавила Фонтана и Вила Кастели, каде што се случила сообраќајна незгода во која учествувал автомобил.

Возачот бил спасен и пренесен во болница пред пристигнувањето на пожарникарите.

Поврзани содржини