АНТИЦИКЛОНОТ ЛУЦИФЕР ЈА ПУСТОШИ ЕВРОПА Зошто светот се бори со ужасни временски услови?
Бројни научници веруваат дека глобалното затоплување и постојаниот пораст на температурата се виновни за таквата топлина, а метеоролозите велат дека покрај антициклонот, одговорна е и „термичката купола“, метеоролошка аномалија.
Рекордни температури, шумски пожари и страшни поплави. Светот е на работ на метеоролошка криза, а временските услови се понестабилни од било кога во поновата историја.
Причината за овие страшни катастрофи е антициклон, кој го нарекоа Луцифер, и кој донесе жежок бран во Европа. Антициклоните се формираат кога воздухот „тоне“ и на тој начин предизвикува висок притисок – што значи дека се загрева и задржува повеќе влага. Ветровите тогаш се слаби, притисокот останува висок и на тој начин се формира сув и топол воздух.
Луцифер и неговата топлина дојдоа кај нас од Северна Африка и го загреаа континентот толку многу што температурниот рекорд во Европа беше соборен во средата на Сицилија. Измерени се неверојатни 48,8 степени Целзиусови. Италијанците стравуваат дека овој антициклон ќе доведе до рекордни температури низ целата земја, но и до ширење на пожари.
Бројни научници веруваат дека глобалното затоплување и постојаниот пораст на температурата се виновни за таквата топлина, а метеоролозите велат дека покрај антициклонот, одговорна е и „термичката купола“, метеоролошка аномалија.
Топлинската купола во основа е планина со топол воздух заробена на едно место поради воздушни струи во горната атмосфера, односно поврзан систем на низок и висок притисок што се задржува во регионот, односно изгледа како да сме заробени во тенџере со капак.
Пожари пламтат низ целиот свет
Пожарникарите во Италија сѐ уште се борат со страшните пожари што беснеат во Сицилија. Многу шуми се уништени, а пожарите им се закануваат и на домаќинствата. Пријавени се и пожари долж јадранскиот брег, а неколку луѓе се повредени во обид да спречат пожарот да стигне до нивните домови.
Она што треба да се спомене е дека пожарите следеа по страшните поплави што ја зафатија Италија пред неколку недели и предизвикаа свлечишта на езерото Комо.
Во многу делови на Италија се борат со пожари
Се истражува дали пожарите биле подметнати, но многу експерти веруваат дека причините сѐ уште се екстремните временски услови, предизвикани од климатските промени.
Грција со денови гори
Грција веќе десет дена се бори со страшни пожари, најлоши во поновата историја, уништувајќи илјадници хектари шума. Најдраматично е на Евија, а пожарите беснееја и околу Атина. На помош на грчките пожарникари им пристигнаа колеги од многу земји.
Ветрот, кој брзо го смени правецот и екстремно високите температури, им ја отежна работата на храбрите пожарникари на терен.
– Очигледно е дека климатските промени влијаат на целата планета. Ова е објаснување, а не изговор или алиби. Можевме да направиме сѐ што е во наша моќ, но во многу случаи тоа не е доволно и не пораснавме како противник во борбата против природата – рече премиерот Кирјакос Мицотакис.
Поплави и страшни пожари во Турција
Турција, исто така, се бори со страшни пожари на неколку локации долж Медитеранот во последните неколку недели. Локалните жители велат дека никогаш не виделе ништо полошо. Во еден момент, имаше буквално повеќе од 120 пожари во земјата. Осум лица го загубија животот, а десетици беа повредени во борбата против пожарите.
Пожарите во Турција не се невообичаени, особено во жешките летни месеци, но експертите посочуваат дека она што се случи оваа година е многу полошо отколку во претходните години.
Полицијата истражува дали се подметнати пожари, но експертите за се ги обвинуваат климатските промени, што доведе до тоа температурата да биде пет до шест Целзиусови степени повисока од просечната за овој период од годината.
Додека на југ се борат со пожарите, на северот од земјата во страшните поплави животот го загубија повеќе од 25 луѓе. Поројот предизвика и лизгање на земјиштето, а експертите веруваат дека овие страшни поплави се и причина за климатските промени.
Пожарот зафати села во Алжир, при што загинаа повеќе од 60 луѓе
Најмалку 65 лица загинаа во пожарите што избија во Алжир. Огнот зафаќа шуми и села источно од главниот град, а ридскиот регион се гуши во облак од чад.
Премиерот Ајман Бенабдераман рече дека пожарите се „екстремно синхронизирани“, додавајќи дека постои основано сомнение дека некој ги подметнал. Тој ги повика околните земји да дојдат на помош на Алжир, имајќи предвид дека немаат авиони за гаснење на пожарот од воздух.
Жешките бранови ја „пржат“ и САД
Западните делови на САД, особено Калифорнија, отсекогаш страдале од високи температури и пожари. Сепак, пожарот Дикси беснее во Калифорнија веќе три недели.
Само една зграда преживеа во Гринвил, а прашина и пепел има наоколу. Пожарникарите успеаја делумно да го локализираат пожарот, но пожарот сѐ уште претставува закана за околу 10.000 домови.
Горат и пожари во близина на Орегон и државата Вашингтон, а официјални лица и експерти тврдат дека климатските промени само им помогнале на шумските пожари.