Српскиот актер Андрија Милошевиќ изненади многумина затоа што се огласил од болницата, па ја покажа својата нова „диета“. Актерот сигурно ги насмеја своите загрижени фанови објаснувајќи што јаде после, како што вели, успешно изведена операција. Популарниот актер сподели видео од болница, на кое е снимен неговиот болнички појадок по операцијата, како што самиот појаснува.
Тој не прецизирал за каква операција станува збор, но сите му посакале брзо закрепнување и му дале неколку идеи во коментарите за тоа што друго може да јаде.
– Болнички појадок, чај, мед и леб, затоа што после одлично изведената операција, мора и да се крка – коментира во еден од трите кратки снимки што ги снимил за појадок, ручек и вечера.
На сите им било симпатично тоа што, додека го јадел она што морал да го јаде – цело време си замислувал што всушност сака да јаде.
View this post on Instagram
Vodič kroz bolničku prehranu! Doručak, ručak, večera.. #hospitalmukbang #hospitalcoach