Јанчев: Подготвен е пунктот за вакцинација

Регионалниот пункт за вакцинација во Општина Кавадарци веќе е подготвен. Од вторник се очекува да започне масовната вакцинација.

285

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев преку Фејсбук информира дека е подготвен регионалниот пункт за вакцинација во Кавадарци и дека од вторник ќе почне мановната имунизација.

„Регионалниот пункт за вакцинација во Општина Кавадарци веќе е подготвен. Од вторник се очекува да започне масовната вакцинација. Пунктот е подготвен согласно сите протоколи и освен медицинскиот персонал од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, ќе биде вклучена и дел од администрацијата од јавните институции. Општествено одговорните компании Кожувчанка и ИГМ Трејд како главни спонзори помогнаа во опремувањето на пунктот и логистичкиот дел“, напиша Јанчев.






Поврзани содржини