🎥 АНЏЕЛИНА ЏОЛИ НОСЕЛА ПЕПЕЛ ОД МАЈКА Ѝ НА ВРАТОТ ДОДЕКА ГО СНИМАЛА „COUTURE“ Во новиот филм актерката се бори со дијагнозата рак на дојка
Анџелина Џоли детално објасни како нејзиниот нов филм „Couture“ ѝ помогнал да има важни разговори со своите ќерки за историјата на нивното семејство со рак на дојка.
Повеќе од една деценија откако Анџелина Џоли (51), беше подложена на превентивна двојна мастектомија, во новиот филм „Couture“ нејзиниот лик, американската режисерка Максин Вокер, се справува со ненадејна дијагноза на рак на дојка додека е на работна задача на Неделата на модата во Париз. Максин се расплакува, прашувајќи се како ќе собере храброст да ѝ каже на ќерка си за нејзината нова битка.
Џоли никогаш не се двоумела да го сподели своето искуство со двојната мастектомија во 2013 година, откако лекарите откриле дека е носител на генот BRCA1 што го зголемува ризикот од рак на дојка и јајници.
– Самиот филм ќе ми помогне да разговарам со моите ќерки за тоа – изјави таа за Hello на проекцијата на „Couture“ во Њујорк.
Џоли има три ќерки со поранешниот сопруг Бред Пит, Захара (21), Шајло (19) и Вивиен (17).
– Секако, разговарав со нив малку за тоа, и им кажав дека наскоро ќе излезе, а тие ме прашуваа за што се работи – вели Џоли.
Добитничката на Оскар откри дека додека го снимала филмот носела пепел од нејзината мајка Маршелин Бетран околу вратот. Бетран почина во 2007 година на 56 години по осумгодишна борба со рак на јајници и дојка.
Џоли продолжи: „Тоа нè воведе (неа и нејзините ќерки) во разговор за генот и за тоа дали можеби и тие го имаат, за тоа како медицината се менува, или за тоа како живееме или за сите оние работи што би можеле да се случат, а да не се плашиме од нив“.
– Сите ние поминуваме низ нешто во животот. Сите ние сме предизвикани на еден или друг начин и сите ние имаме избор што да направиме, како ќе пристапиме кон тоа и како треба да научиме да се потпираме едни на други и да знаеме дека не сме единствените што поминуваат низ нешто.
View this post on Instagram
Во февруари, холивудската ѕвезда, која е мајка и на 24-годишниот Медокс, 22-годишниот Пакс и 17-годишната Нокс, ги опиша своите лузни од мастектомија како потсетник за „изборот што го направив за да можам да останам тука што е можно подолго со моите деца“.
– Благодарна сум што имав можност да имам избор да направам нешто проактивно во врска со моето здравје – изјави таа за француската радио станица Франс Интер.
Џоли за прв пат ги откри своите лузни од двојна мастектомија во декември 2025 година, велејќи за „Тајм Франс“ по нејзината фотосесија: „Ги делам овие лузни со многу жени што ги сакам“.
– Секогаш сум трогната кога гледам други жени како ги делат своите. Сакав да им се придружам – рече таа.