Алијанса и Алтернатива: Филипче оперирал мозок во цивилка и без маска

Бараме од министерот Венко да рефлектира и без двоумење да си замине, бидејќи ова ги надминува сите граници на нормалното, хуманото и професионалното - велат од коалицијата.

1,150

Алијанса за Албанците и Алтернатива побараа оставка од министерот за здравство Венко Филипче бидејќи како што тврдат тој вчера учествувал во операција на мозок во цивилна облека и без маска.

– Вчера бевме сведоци на скандалозен настан во Универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје, каде министерот за здравство учествуваше на операција на мозок со цивилна облека, без униформа, без маска, без ракавици, без хируршка капа, едноставно од улица директно во операциона сала, со што се кршат сите основни протоколи и правила за одржување на стерилитетот и хигиената во операциона сала – велат од Алијанса и Алтернатива.






Од коалицијата додаваат дека ги зачудува фактот што првиот човек на белите мантили со каубојско однесување испраќа лоша порака и ја навредува професијата и најхуманите професионалци, го деградира звањето доктор, па дури и им пренесува лошо искуство на помладите генерации, дека „ако си министер за тебе не важат правилата и животите на луѓето “.

– Алијансата за Албанците и Алтернатива, остро реагираме на овој скандалозен настан и бараме институционална и професионална одговорност, бидејќи станува збор за кршење на законот и висок ризик за здравјето и животот на пациентот. Било како, уште еднаш се уверивме дека оваа влада е најслаба и најскандалозна што ја имала Северна Македонија откако постои како држава. Затоа, бараме од министерот Венко да рефлектира и без двоумење да си замине, бидејќи ова ги надминува сите граници на нормалното, хуманото и професионалното – велат од коалицијата.

 

 

Поврзани содржини