„АЛБАНЦИТЕ ВЛАДЕАТ СО МАКЕДОНИЈА!“ Груби во Чаир беше претставен како „премиер“
Нема чајџилница во Скопје каде што не се констатира дека Албанците владеат со државата. Ова го кажуваме и сите ние, создадовме капацитети да владееме. 20 години ДУИ создава капацитети за управување. Заврши времето на еден или двајца луѓе во ДУИ, време е за сите, рече првиот вицепремиер Артан Груби.
„Со Македонија владеат Албанците“. Ова синоќа го порача првиот вицепремиер Артан Груби на промоцијата на декретаријатот на огранокот на ДУИ во Чаир каде беше дури и најавен како „премиер“.
Претседателот на огранокот Беким Незири се обрати со „поздрав за премиерот Артан Груби“ на настанот, а вицепремиерот Груби, пак, зборуваше за тоа дека моќта на Албанците е голема и дека сите се плашеле од Албанците што владеат со државата.
– Нема чајџилница во Скопје каде што не се констатира дека Албанците владеат со државата. Ова го кажуваме и сите ние, создадовме капацитети да владееме. 20 години ДУИ создава капацитети за управување. Заврши времето на еден или двајца луѓе во ДУИ, време е за сите – рече Груби.
Слични пораки упати и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Според него, стравот бил од тоа што на високи позиции имало Албанци.
– Албанци раководат со Владата, обвинители, судии, директори, доктори Албанци, од тоа се плашат, а не од ДУИ – рече Османи.