АКО ТОКСИКОЛОГИЈА НЕ БИЛА ОСИГУРАНА, ОДГОВОРНОСТА Е НА МЕНАЏМЕНТОТ Министерот Демири вели дека треба да ги провери податоците
Економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е - министерот за здравство Илир Демири застана во одбрана на економската директорка на клиниката за токсикологија, Бесија Иљази.
Не е законски ако Клиниката за токсикологија не е осигурана и менаџментот на институцијата треба да преземе одговорност, изјави попладнево министерот за здравство Илир Демири.
– Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не – изјави денеска Демири.
На новинарско прашање за болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири рече дека на Токсикологија е направена голема неправда, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18 вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.
– Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа ние сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано менаџментот на институцијава во рок од пет дена да најде решение за 18 луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест – изјави Демири.
Министерот истакна дека не се точни наводите дека економската директорка Бесија Иљази доаѓала на работа само по 4 часа.
– Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е – рече Демири.