АКЦИЈАТА КАЈ АЛДИНЦИ СО СРЕЌЕН КРАЈ Спасени двете лица кои со квадрицикл излетаа во провалија
Од ЦУК додава дека спасените лица се веројатно со скршеници, но истите предадени се на две екипи на Итната медицински помош кои се упатија кон медицинските центри во Скопје.
Центарот за управување со кризи информира дека спасувачката акција завршила со среќен крај.
Од таму велат дека двете лица кои со квадрицикл (мопед на четири тркала) паднаа во провалија кај селото Алдинци се извлечени во стабилна состојба.
Од ЦУК додава дека спасените лица се веројатно со скршеници, но истите предадени се на две екипи на Итната медицински помош кои се упатија кон медицинските центри во Скопје.
Инаку претходно од Центарот за управување со кризи објавија дека околу 17 часот на бројот 112 е добиен повик за помош на две лица кои со квадрицикл излетале надвор од земјен пат и паднале во бездна длабока околу 20 метри, после с. Алдинци во близина на вила „Принц”.
Од страна на ЦУК беа известени и координирани МВР, Итната медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.