АХМЕТИ, СЕЛА И ТАРАВАРИ ЌЕ НАСТАПАТ ЗАЕДНО НА ИЗБОРИТЕ Тројцата лидери се договорија и си поделија 17 општини
Според информациите до кои дојде порталот Тетовасот, тројцата албански политички лидери веќе постигнале договор за заеднички настап на локалните избори во октомври.
Али Ахмети, Зијадин Села и Арбен Таравари во наредните денови официјално ќе ја потпишат соработката за претстојните локални избори, со цел – апсолутна доминација на политичката сцена. Според информациите до кои дојде порталот Тетовасот, тројцата албански политички лидери веќе постигнале договор за заеднички настап на локалните избори во октомври.
Планот вклучува заеднички кандидати и листи во сите општини, а политичкиот сојуз што го сочинуваат ДУИ, АА – Села и АА – Таравари е насочен кон обезбедување убедлива победа на Европскиот фронт.
Како што објави Tетовасот, веќе е договорена и поделбата по општини, односно кој политички субјект ќе ги води трките во одредени региони:
ДУИ ќе има кандидати во: Тетово, Чаир, Кичево, Боговиње, Бервеница, Желино, Студеничани, Липковo, Долнени и Чашка (вкупно 10 општини).
Алијанса за Албанците – Села ќе настапи во: Струга, Дебар и Арачиново (3 општини).
Алијанса за Албанците – Таравари ќе ги покрие: Гостивар, Врапчиште, Сарај и Теарце (4 општини).
Оваа распределба, според партиските извори, е направена врз основа на резултатите од последните изборни циклуси и проценките за најдобри шанси за победа на терен.
Неодамнешните анкети, како што пренесува Тетовасот, покажуваат дека новоформираниот сојуз би можел да постигне невиден резултат на национално ниво, особено ако дојде до мобилизација на гласачите низ сите општини каде што се кандидираат нивните претставници.