ЧЕТИРИ ХИМАЛАЈСКИ МЕЧКИ ИЗБЕГАЛЕ НИЗ ДУПКА ПОД ЖИВЕАЛИШТЕТО И УБИЛЕ ЧУВАР ВО ЗОО Животните се убиени по трагедијата

Жртвата, Ц. Лалрамсанга беше нападната додека носела кафез за антилопа., објави Телеграф Индија.

0

Четири црни хималајски мечки избегале од својот простор во зоолошката градина во Ајзавл, Индија и убиле 44-годишен работник. Сите животни се застрелани по нападот, потврдија официјалните лица.

Жртвата, Ц. Лалрамсанга, познат по прекарот Марама, беше нападната додека работеше во комплексот, објави Телеграф Индија. Според официјалните лица, несреќата се случила додека Лалрамсанга носел кафез за антилопа.






Антилопата претходно избегала од својот простор, но била успешно заробена. Додека работникот ја извршувал својата задача, една од мечките одеднаш го нападнала. Неговите колеги се обиделе да му помогнат, но без успех, бидејќи и другите три мечки биле на истото место.

Мечките избегале копајќи дупка под оградата на нивниот простор.

Главниот чувар на дивиот свет наредил да се застрелаат сите четири животни.

Министерот за шумарство ја посети зоолошката градина и го информираше премиерот Лалдухома, кој веднаш нареди истрага од страна на одделот. Премиерот, исто така, му наложи на раководството на зоолошката градина итно да изготви план за подобрување на безбедноста.

Поврзани содржини