Утопија или еко активизам

0

Во рудникот Иловица-Штука кој има значителни количини на бакар и најголеми количини на докажани златни резерви во Македонија концесионер е „Еуромакс ресурсис“ и оваа фирма котира на берзите во Канада, а не нејзините акционери. Доминантен акционер е фирмата Трафигура која има годишен приход од 245 милијарди евра и Европската банка за обнова и развој. Овие акционери ни во сон не смеат да помислат да загадат било кое парче земја на територијата на Европа, конкретно Македонија. Од една и единствена причина. Европа нема да им го откупи металот. Мора да работат согласно еколошките стандарди кои ги предвидело европското законодавство во делот на заштита на животната средина.

Пред извесен период еден еко активист имаше гостување на една емисија кај двајца новинари екстремно спремни личности со информации кој мисли дека се бори против рудниците со цел дека тие не смеат да постојат, но со аргументи кои во реалноста немаат никаква допирна точка со науката ниту пак со нашето општествено уредување. Освен зборовите „и така натаму“ и „нема проблем“ можам да заклучам дека личноста нема елементарни познавања од хемија и физика, а пак да не зборам за геологија, рударство и металургија.

Истиов еко активист кој сѐ уште го нема формирано своето високо образование инаку студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје покажа доза на себичност и промовирање на Утопија во општеството, ама таа за него не важи. Инаку е советник, демек независен, во општина Ново Село.

Зборот „Утопија“ во буквален превод има значение „место што не постои“. Поточно овој поим прв го има употребено Томас Мор во книгата „Утопија“ (1516) година за измислен остров со идеално општествено уредување.

На г-динот Еко Активист никој не му брани да фантазира и да живее во светот на сказната дека ќе го најде златото онаму каде што завршува виножитото и да талка по планината Беласица.

Неговата главна теза зошто не смеело да има рудник е затоа што ќе имало прашина, ќе течеле киселини од карпите и ќе имало бучава која ќе му го нарушела мирот, комодитетот и благостојбата која е обвиена со неработење.

Да му одговорам на г-динот Еко Активист.

Прашина, г-дине се создава на принципот мелница за кафе, тоа значи дека таа ќе биде само во комплексот, а не за жал, како ти што промовираш и манипулираш, дека целата котлина ќе биде уништена од прашината. Инаку и во Радовиш има рудник ист со отворен коп за бакар и злато и тој е отворен 1979 година. Уште една информација: Радовишко-Струмичката Котлина има 292 квадратни километри и баш ме интересира како г-динот и неговите другари еко активисти научно ќе докажат дека оваа котлина ќе се загади со 5 сантиметри прашина. Во Радовишката Котлина постои рудник со постара технологија иако е инвестирано многу ваква појава нема и не е приметена од отворањето на рудникот во 1979 година.

Ќе течела киселина кога ќе се ископале карпите и тоа со векови. Па Вие и другарите кои ова го тврдите сте шоу програм на факултетите за геологија и рударство. Можам да ги замислам колегиве од факултетите како пред нив има дилема: Дали да плачат или да се смеат?

Впрочем, оваа негова теза е како рубрика најступидни вицови. Од оваков тип. Влегува млад г-дин во аптека и вели: Дали имате јогурт? Ова е аптека г-дине. А кисело млеко? Г-дине, ова е аптека. Добро ама јас го заклучив точакот на бандерана.

Киселина употребуваат металурзите за екстракција на метал и таа чини пари и таа се додава согласно европски стандарди и таа е под строго контролиран процес за да нема загуби.

Бучава ќе се создавала. Кога се добива одобрение за еколошки елаборат од страна на Дирекцијата за заштита на животна средина една од клучните точки е токму бучавата. Бучавата се класифицира како континуирана и периодична. Таа мора да биде со децибели согласно европските стандарди. Затоа при периодична бучава односно минирање се користи принцип на имплозија, како што впрочем тоа се правеше во еден друг рудник.

Но, кога сме кај бучавата и рудник не смеело да има. Па тогаш според ваквите утопистички еко идеи да ги дислоцираме и аеродромот Петровец и Охрид и да се изградат на 5 километри од населено место. Авионите создаваат периодично-континуирана бучава.

Затоа мојот заклучок за ваков тип на интелектуализам кој го проповеда г-динот еко активист и неговите другари се нарекува ДИСТОПИЈА.

Дистопија има значение замислено општество со лоши или сурови услови.

П.С. Г-дине Еко Активист има посебна литература за карпи. Ве молам прочитајте и ако случајно разберете тогаш можете и да коментирате.

Поврзани содржини