ХОТЕЛ „ХОЛИДЕЈ ИН ЕКСПРЕС“ ВО СРЦЕТО НА СКОПЈЕ Прв избор за сè поголемиот број туристи
Ребрендирањето претставува возбудливо ново поглавје за хотелот, кое ја отсликува неговата посветеност при обезбедување квалитетно сместување, сигурна услуга и пријатно искуство за деловните и туристичките гости кои го посетуваат Скопје.
Holiday Inn Express Skopje City Centre со особена гордост одбележува значаен момент во своето работење – официјално претставување на новиот бренд и приклучувањето кон меѓународно признатото портфолио на IHG Хотели и ресорти.

Ребрендирањето претставува возбудливо ново поглавје за хотелот, кое ја отсликува неговата посветеност при обезбедување квалитетно сместување, сигурна услуга и пријатно искуство за деловните и туристичките гости кои го посетуваат Скопје. Како најбргурастечки хотелски бренд на IHG, Холидеј ин експрес е прв избор за сè поголемиот број патници кои бараат едноставно, пријатно и функционално место за одмор, обновување на енергијата и извршување на деловните обврски.

Сместен во срцето на Скопје, Holiday Inn Express Skopje City Centre на своите гости им нуди удобен и практичен престој, комбинирајќи одлична централна локација со основните погодности и услуги што ги очекуваат современите патници. Со 110 модерно опремени соби, бесплатен појадок, удобно сместување и брз безжичен интернет, хотелот е одлично позициониран да одговори на потребите како на деловните гости, така и на посетителите што сакаат да го истражуваат градот.

Приклучувањето кон семејството на IHG Хотели и ресорти дополнително ја зајакнува меѓународната позиционираност на хотелот, овозможувајќи му поврзување со една од водечките светски хотелски компании, нејзината глобална мрежа, дистрибутивни канали и програмата за лојалност IHG One Rewards.

Одбележувањето на овој значаен повод не претставува само промоција на новиот идентитет на хотелот, туку и потврда на неговата континуирана посветеност кон гостопримството, градењето квалитетни партнерства и придонесот кон развојот на Скопје како сè позначајна дестинација за деловни и туристички патувања.