📽️ ТАНЦОТ НА БОДИБИЛДЕРКАТА ГИ ЗБУНИ ГЛЕДАЧИТЕ „Непријатно ми е, но не можам да престанам да гледам“
Видеоснимка од настапот на Анастасија Корабљова стана вирален хит на социјалните мрежи. Нејзината мускулеста фигура и необичната кореографија предизвикаа изненадување, но и бројни коментари.
Настапот на бодибилдерката Анастасија Корабљова привлече огромно внимание на социјалните мрежи. Видеото од натпреварувањето досега собра повеќе од 86 милиони прегледи, а бројни корисници на Тик-Ток останаа изненадени од нејзината мускулеста градба.
На снимката, која трае 30 секунди, Корабљова излегува на сцената во светкаво виолетово бикини. Во својата кореографија ги комбинира танцовите движења со класичните бодибилдинг-пози, со кои ги истакнува развиените мускули и нивната дефиниција.
Самоуверено настапува пред публиката, менувајќи ритмични движења со рацете со пози во кои ги покажува мускулите на градите, грбот и рацете. На крајот им мавта на гледачите и ја напушта сцената.
„Непријатно ми е, но не можам да престанам да гледам“
Додека публиката во салата ѝ аплаудира, видеото на социјалните мрежи предизвика бројни реакции. Објавата собра илјадници коментари, а многу гледачи не го криеја изненадувањето од нејзиниот изглед.
– Толку сум збунет – напиша еден корисник.
– Ова изгледа болно – коментира друг, додека трет признава: Непријатно ми е, а истовремено не можам да престанам да гледам.
Настап на едно од најпрестижните бодибилдинг-натпреварувања
Корабљова настапила на квалификациско натпреварување за Joe Weider’s Olympia Fitness & Performance Weekend, еден од најпрестижните настани во светот на професионалниот бодибилдинг.
На оваа манифестација се собираат водечките светски натпреварувачи во повеќе категории. Најпозната е „Mr. Olympia“, чија титула во текот на кариерата ја освојувале и Арнолд Шварценегер и Рони Колман.
Женските натпреварувања се поделени во неколку категории, кои се разликуваат според критериумите за мускулна маса, пропорции, дефиниција на мускулите и сценски настап.
Во категоријата „Mr. Olympia“ се натпреваруваат бодибилдерки со особено развиена мускулатура, додека во „Women’s Physique“ се бара нешто помала мускулна маса. Постојат и категориите „Figure“, „Fitness“, „Wellness“ и „Bikini“, од кои секоја има посебни критериуми за оценување.
За настап на „Olympia“, професионалните бодибилдери и бодибилдерки мора да ги исполнат пропишаните квалификациски услови.