📽️ СТИВИ ВОНДЕР ОДГОВОРИ НА БИЗАРНИТЕ ГЛАСИНИ ДЕКА НЕ Е СЛЕП „Влезете со мене во автомобил, па ќе видите“

Легендарниот музичар со години е мета на бизарни теории дека всушност може да гледа. На концерт во Чикаго одговори со шега, а публиката ја насмеа со предизвик до оние што се сомневаат во неговото слепило.

8

Стиви Вондер повторно се осврна на долгогодишните гласини дека всушност не е слеп. За време на настапот во Чикаго, на 21 ноември, музичарот се пошегува со публиката и им порача на оние што веруваат дека може да гледа или да вози автомобил да влезат со него во кола, па заедно ќе видат што ќе се случи.

Неговата реплика предизвика смеа во салата.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by S P U R P L A Y (@spurplay)

Вондер настапува во рамките на турнејата по повод 50-годишнината од албумот „Songs in the Key of Life“. Гласините за неговиот вид со години се шират поради анегдоти што ги раскажувале други познати личности, но и поради неколку моменти од неговите настапи што на интернет се толкуваат како „доказ“ дека може да гледа.

Пејачот Лајонел Ричи во 2019 година раскажа дека Вондер еднаш го повикал во автомобилот за да му пушти нова песна, а потоа седнал зад воланот и почнал да вози наназад по приодот кон куќата. Ричи се исплашил, а Вондер му открил дека само се шегувал. Поранешниот кошаркар Шекил О’Нил, пак, раскажа дека Вондер го препознал во лифт и го поздравил по име.

Дополнителен повод за шпекулации стана и снимка од настап во Белата куќа во 2010 година, кога Пол Макартни случајно соборил микрофонски сталак, а Вондер го фатил пред да падне. Слични приказни и шеги со години ги поттикнуваат теориите дека музичарот може да гледа.

Вондер е слеп речиси од раѓање. Роден е предвреме во 1950 година, а видот го изгубил неколку недели по раѓањето. На настап во Кардиф минатата година тој директно им одговори на оние што се сомневаат: објасни дека ослепел кратко по раѓањето и дека тоа го научило луѓето да ги гледа „по духот, а не по изгледот“.

Во текот на кариерата, Вондер често се шегувал со сопственото слепило, но и јавно зборувал за тоа како го доживува светот.

Поврзани содржини