„МЕТАВЕРЗУМ“ ОД РИСТО ЛАЗАРОВ ПРЕПЕАНА НА СРПСКИ ЈАЗИК Авторот досега има објавено 9 препеви во Србија

0

Препевот на најновата стихозбирка на Ристо Лазаров „Метаверзум“ деновиве е објавен во Белград, во издание на реномираната издавачка куќа „Архипелаг“. Ова е шеста книга на Лазаров кај истиот издавач, а уште три книги се објавени во белградска „Просвета“, зрењанинска „Агора“ и „Повеља“ од Краљево.

Поговорот кон ова издание е на Лидија Капушевска-Дракулевска, која подвлекува дека „Метаверзум“ е книга во која стварноста станува уште посурова (поезијата прераснува во poesie brut), болката длабоко егзистенцијална, а стихот рефлексија на хаосот на животот надвор и внатре. Не случајно, заклучува Капушевска-Дракулевска, на времето Георги Старделов ја доведе поетиката на Лазаров во корелација со сфаќањето на Адорно за поетската дарба како сублимиран бол и бес.






Српското издание на „Метаверзум“
Поврзани содржини