ПРОТЕСТЕН МАРШ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ „Ниту една повеќе“ во паркот „Жена борец“
Културно уметничка група на активистки подготвува не-симбилична перформативна акција на крајот на протестот, се вели во повикот од организаторите.
Иницијативата „Ниту една повеќе“ денеска, на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и девојќињата, организира протест во паркот „Жена борец“ како одговор на зачестените случаи на семејно насилство и фемициди во земјата.
„Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат! Се среќаваме на единственото место каде има смисол да бидеме заедно, на улица, во протестна борба за женските животи. На протестот ќе валкаме раце. Културно уметничка група на активистки подготвува не-симбилична перформативна акција на крајот на протестот“, се вели во повикот од организаторите.
Протестниот марш ќе започне во паркот во 17 часот, а од иницијативата повикаа секој учесник, освен свирчиња и батериски ламби, да донесе и грутка земја.