ПО СТУДЕНОТО УТРО СЛЕДУВААТ ДОЖД И ОБЛАЦИ Температурите ќе паднат до минус 8, а потоа доаѓаат обилни врнежи

Утринските температури ќе се спуштат до минус осум степени во Берово, а во четврток и петок во западните делови се очекуваат локално над 30 литри дожд на квадратен метар.

0

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд во западните делови од земјата, информираат метеоролозите.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.






Минималните утрински температури ќе се движат од минус осум степени во Берово до нула степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе бидат од седум степени во Маврово до 12 степени во Гевгелија.

Во Скопје времето ќе биде сончево и постудено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минус два до шест степени.

Во четврток се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде што се очекува да наврнат над 30 литри на квадратен метар.

Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од два до пет степени, а дневните од седум до 12 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во петок времето ќе биде претежно облачно, со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и ќе надминат 30 литри на квадратен метар.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а попладне и кон крајот на денот, наместа долж Повардарието, ќе се засилува јужниот ветер.

Минималните температури ќе бидат од пет до девет степени, а максималните од осум до 12 степени.

Поврзани содржини