ЕВЕ КАКО ГИ „СПАСИЛ“ ЖЕНИТЕ ОД ПОЛИЦИСКА РАЦИЈА ВО БАР ВО ЧЕГРАНЕ Полицајците на предна, тие на задна врата
Педесетгодишник од Форино ја заклучил влезната врата на угостителски објект во Чегране и им покажал на жените што работеле таму да излезат од задниот влез додека полицијата постапувала во локалот.
Педесетгодишен жител на гостиварското село Форино е осомничен дека се обидел да ги спречи полицајците во извршување на службените дејствија, откако ја заклучил влезната врата на угостителски објект во Чегране и им кажал на жените што работеле таму да избегаат од задниот влез.
Станува збор за Х.М. (50), против кого е поднесена кривична пријава за „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“.
Настанот се случил на 30 јули годинава. Додека полицајците извршувале службени дејствија во локалот, 50-годишникот ја заклучил главната влезна врата и им покажал на жените кои работеле во објектот да излезат од задниот влез.
На тој начин, според пријавата, тој ги попречил полициските службеници во извршувањето на нивните задачи.