МАКСТИЛ СОРАБОТУВА СО НАДЛЕЖНИТЕ СЛУЖБИ Полицијата врши проверка на почвата во кругот на фабриката

784

Во врска со објавата за проверките на почвата во кругот на фабриката, Макстил АД Скопје информира дека целосно соработува со надлежните служби и им стои на располагање за сите информации, документи и појаснувања што им се потребни.

„Како компанија, посветени сме на транспарентно работење и остануваме отворени за комуникација со институциите, медиумите и јавноста. Макстил поседува А-Интегрирана еколошка дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање и соодветно оваа дозвола компанија подлежи на контроли од регулаторот. Во интерес на точно дефинирање на состојбите Макстил ќе продолжи целосно да соработува со надлежните органи во текот на проверките“, соопшти компанијата.






Полициски службеници од Единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје по добиени оперативни информации и обезбедена наредба од јавен обвинител од ОЈО Скопје вршат контрола и преглед на примероци од почвата и одредени суровини за проверка на сомнение за евентуално сторени кривични дела од областа на еколошкиот криминал, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини