ФИЛИПЧЕ ПОКАЖУВА ДЕКА НЕ ЗНАЕ ДА ГИ ЧИТА ЕКОНОМСКИТЕ ПАРАМЕТРИ Македонија има највисока стапка на раст на БДП во регионот и најниска инфлација

„Се работи на одржување и подобрување на економските показатели и покрај меѓународните кризи и покрај наследените проблеми. Затоа, кога Филипче нешто не знае подобро нека молчи“ – порачува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

1

Венко Филипче, како предводник на СДСМ, покажува дека не знае ништо друго освен да излезе во јавност и да ги лаже граѓаните и да шири паника и хистерија. Овој пат тоа го прави со економските показатели, обвини ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Филипче сега покажува непознавање на основните економски работи, односно покажува дека не се разбира од економија и не знае дека треба да се гледаат сите економски параметри, а не поединечно како што прави тој. Но, тоа е. Ни дава шанса да му објасниме.






Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ води пробизнис и проекономска политика, а за тоа доказ се податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка“ – вели ВМРО-ДПМНЕ.

Понатаму, партијата цититра податоци од меѓународните институции.

„Македонија има највисока стапка на раст на бруто-домашниот производ во регионот и најниска инфлација. Инфлацијата во Македонија е за 25 проценти пониска од европскиот просек, додека економскиот раст во вториот квартал годинава достигнал 4,3 проценти.

Дополнително, оваа Влада и по две години уште се справува со обврските наследени од владата предводена од СДС. Оттука, во 2027 година ќе треба да се рефинансираат или да се вратат заеми во вредност од 2,3 милијарди евра, додека за 2028 година се предвидени обврски од 2,7 милијарди евра. Бројките јасно зборуваат дека ова е значителен финансиски товар кој е наследен.

И покрај сѐ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со предизвиците и продолжува да ги исполнува обврските и реформите. Се работи на одржување и подобрување на економските показатели и покрај меѓународните кризи и покрај наследените проблеми. Затоа, кога Филипче нешто не знае подобро нека молчи“ – порачува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Поврзани содржини