ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ПОРАДИ СИЛЕН ВЕТЕР ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА Портокалово предупредување од УХМР

Под влијание на јужно воздушно струење утре наместа ќе дува силен јужен ветер кој повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час. Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, се вели во предпредувањето.

0

Управата за хидрометеоролошки работи издаде портокалово и предупредување за опасност од силен ветер во Западна Македонија и жолто предупредување за Источна Македонија.

„Под влијание на јужно воздушно струење утре наместа ќе дува силен јужен ветер кој повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час. Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината“, се вели во предпредувањето.

 






Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Фото: УХМР

 

Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.

Фото: УХМР

 

Алармите за предупредување на населението од временски непогоди се издаваат во жолта, портокалова и во црвена боја и се дел од системот за метеопредупредувања во Европа. Жолт аларм значи умерена опасност од временските прилики, со можност за умерени последици по околината, портокалов значи дека опасноста е голема, а црвениот аларм предупредува за екстремна опасност, со можност за катастрофални последици по луѓето, нивните имоти и по околината.

Алармите се издаваат за различни временски прилики и појави: за ветер, дожд, горештина, студ, снег, мраз, грмотевици, крајбрежни настани, шумски пожари, лавини, поплави, порои, опасности на море и за суша.

 

Поврзани содржини